Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи го официјализираше трансферот на интернационалецот од Гана, Клемент Анса.
Анса игра на позиција среден играч за врска и се очекува да донесе вистинско освежување во таборот на чаирчани во пролетниот дел на сезоната во кој Шкупи ќе води жестока битка со Струга ТЛ и Шкендија за титулата во ПМФЛ.
„Прво на сите, би сакал да изразам најголема благодарност за топлиот прием што го добив овде во Шкупи. Чест и привилегија е да се биде дел од овој неверојатен тим. Очигледно е дека Шкупи не е само тим, туку семејство. Јас сум полн со возбуда и ентузијазам да го започнам ова ново поглавје од мојата фудбалска кариера. Целосно сум посветен да дадам се од себе на секој тренинг и секој натпревар, со единствена цел да му помогнам на нашиот тим да обезбеди победи и да ги донесе дома трофеите што сите ги посакуваме“, изјави Анса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА