Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, најави дека по 100 години забрана за пливање во Сена, ќе скока и ќе се капе во реката што тече низ француската престолнина. Идалго го најави тоа за јули оваа година, во пресрет на Олимписките игри во Франција.
Повторно да се плива во реката што тече низ нивниот град е древна желба на парижаните. Официјално беше забрането во 1923 година, но храбрите сè уште пливаа во реката до почетокот на 1960-тите.
Ветениот скок во Сена на Идалго следи по повеќе од 30 години по ветувањето на покојниот поранешен градоначалник на Париз, а потоа и претседател на Франција Жак Ширак, кој уште во 1990 година рече дека жителите на Париз ќе можат да пливаат во Сена повторно во 1993 година.
За жал, ветувањето не беше исполнето. Оттогаш, според Ана Идалго, во подготовките за ОИ, градот инвестирал 1,4 милијарди евра во почиста Сена во пошироката област на Париз, главно во модернизација на колекторите за прочистување и поврзување со канализацијата на објектите што до неодамна испуштаа загадена вода директно во реката.
По Олимпијадата, граѓаните на Париз од 2025 година би требало сосема нормално да пливаат на Сена. Предвидено е и уредување на две јавни плажи, од кои едната ќе биде во непосредна близина на Ајфеловата кула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА