Арсенал е заинтересиран во своите редови да го донесе првиот напаѓач на Њукасл, Александар Исак. „Топчиите“ сакаат во овој преоден рок да ангажираат напаѓач, а во јавноста се свртеа неколку имиња, меѓу кои и Влаховиќ и Осимен. Сега Исак е најновото име кое се поврзува со трансфер на „Емирати“.
Исак веќе се поврзуваше со Арсенал во 2022 година, но тогаш не успеа да дојде до договор, и тој замина во Њукасл. Во минатото играше во Реал Сосеидад, а беше дел и од младинските школи на Борусија Дортмунд.
Според медиумите, Арсенал е подготвен да понуди 70 милиони евра, но Њукасл бара околу 90. Оваа сезона во 22 настапи за Њукасл, постигна 13 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА