Барди го напушта Трабзон, но на лето?

Енис Барди ги брои последните месеци или денови од неговиот престој во Трабзонспор. Дел од турските медиуми објавија дека оваа зима сигурно македонскиот интернационалец ќе замине од клубот. Кардиф беше последниот клуб кој се интересираше за потписот на играчот од средниот ред.

Меѓутоа од извори блиски до клубот сега пишуваат дека Барди сега не размислува да го напушти клубот, но тоа ќе го стори по завршувањето на сезоната, односно во летниот преоден рок.

Имаше опција Барди да замине во Кардиф како позајмен, а Трабзон да стави задолижетелен откуп по завршувањето на сезоната. За него има интерес и од шпански и италијански клубови, а летоска имаше интерес и од САД.

Се вчитува...