Санчо: Се радувам што повторно ќе играм за Борусија Дортмунд

Џејдон Санчо и официјално се врати во Борусија Дортмунд. После 2,5 годишен престој во Манчестер, тој се врати на местото каде што ја доживеа својата најголема форма, со која стигна и со дресот на англиската репрезентација.

Меѓутоа по неговиот трансфер во Манчестер, следуваа бледи партии, па ниту одблиску не ги оправда парите вложени во него. Јунајтед плати 85 милиони евра, меѓутоа немаше блескави настапи на „Олд Трафорд“. Дури во последните месеци беше суспендиран од страна на Тен Хаг, по што разделбата беше неминовна.

Санчо изрази радост што повторно ќе игра за Борусија Дортмунд.

„Кога прошетав низ соблекувалната денеска, се чувствував како да сум се вратил дома. Никогаш не загубив контакт со играчите. Со нетрпение чекам да ги видам моите соиграчи, да играм фудбал и со насмевка да давам голови и да носам успеси на Борусија Дортмунд“, изјави Санчо.

Останува да се види во каква форма е Санчо, со оглед дека во последните 3-4 месеци нема ниту еден одигран натпревар.

Се вчитува...