Кошаркарскиот клуб Венеција го доби спорот против бразилскиот репрезентативец Бруно Кабокло пред Арбитражниот суд на италијанската Серија А за неосновното напуштање на клубот пред почетокот на сезоната.
Следната постапка на италијанскиот прволигаш ќе биде пред Апелациониот одбор на ФИБА кој треба да одлучи за статусот на кошаркарот кој во меѓувреме го засили евролигашот Партизан, но белградскиот тим не треба да стравува за иднината на својот центар, пренесуваат српските медиуми.
ФИБА дала „зелено светло“ при самиот премин на Кабокло во Партизан, а клубот од Србија и уверување дека е исплатена обесштетата за раскин на договорот со Венеција па „црно-белите“ по секоја цена ќе го имаат на располагање центарот до крајот на сезоната.
Партизан по 20 одиграни натпревари во Евролигата има половичен скор од 10 победи и 10 порази со кои го дели деветтото место на табелата заедно со Валенсија и Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА