Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски ги одработи и првите тренинзи со својот нов клуб Бохемијанс Прага од Чешка, по трансферот на крајот од изминатата година од Спартак Трнава.
Ристовски од денеска со Бохемјанс е на подготовки во Анталија каде тимот ќе одигра и четири пријателски натпревари.
Македонскиот напаѓач не крие дека носи крајно позитивни впечатоци од првите денови во новиот клуб нагласувајќи дека ќе направи се до крајот на сезоната Бохемијанс да ги реализира своите амбиции.
„Носам навистина позитивни впечатоци од првите тренинзи со клубот. Се што слушнав за клубот е позитивно, и може само да кажам дека подготвен сум целосно за новиот предизвик. Ќе дадам се од себе со своите игри да му помогнам на Бохемијанс да ги оствари своите амбиции. Го одбрав дресот со бројот 77 само затоа што со тој број играв во Нитра и ми донесе среќа“ – вели Ристовски за официјалната интернет страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

