Фенер се извлече од бездната, па во продолжение до триумф над Баерн

Кошаркарите на Фенербахче неочекувано се измачија против Баерн Минхен, но на крај низ драма по продолжение успеаја да ја оправдаат фаворитската улога и да дојдат до победа од 98-91 во 21. коло од Евролигата.

Турскиот тим беше пред пораз во мечот во кој Баерн одигра одлично се до последната минута од натпреварот. Имаа Германците предност и во самиот финиш од 76-78, но во последните 50 секунди домашните израмнија а Вилбекин на десет секунди пред крајот постигна тројка за 81-78. Но драмата не заврши тука откако Франциско на спротивната страна, на осум секунди пред крајот, доби три слободни фрлања и сите три успеа да ги реализира за 81-81 и продолжение.

А, во продолжението Фенербахче сосема ја оправда улогата на фаворит добивајќи ги дополнителните пет минути со 17-10 за конечна победа од 98-91.

Вилбекин беше неверојатен во победата на Фенер со 30 поени и четири асистенции.

Се вчитува...