Левандовски и Јамал ја однесоа Барса во финалето против Реал во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Барселона ќе игра во финалето на Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид на 14. јануари во Ријад, откако каталонскиот тим славеше со 2-0 против Осасуна во полуфиналната пресметка.

Тежок натпревар за Барса која долго се мачеше да дојде до посакуваниот погодок за триумф.

Творец на победата на Барселона беше Левандовски со погодокот во 59. минута во моментите во кои противничките фудбалери бараа прекршок врз нивниот соиграч непосредно пред голот на полскиот репрезентативец.

Во 93. минута 16-годишниот Ламине Јамал само ги запечати конечните 2-0.

Се вчитува...