Емир Шабани се повлече од функцијата генерален менаџер на Шкупи

Уште едно раководно лице заминува од менаџерските структури на еден од најдобрите македонски клубови, Шкупи.

Долгогодишниот генерален менаџер на чаирчани, Емир Шабани, кој е поранешен фудбалер на Работнички, Металург, Победа…, преку социјалните мрежи информираше дека се повлекува од раководната позиција во клубот.

„Сакам да информирам дека повеќе нема да бидам дел од Шкупи и да ја извршувам функцијата генерален менаџер на клубот. Сакам да ја искажам мојата благодарност до ФК Шкупи и до сопственикот Олгун Ајдин за неговата доверба и укажаната можност да менаџирам со престижен клуб како што е Шкупи. Благодарност за соработката до стручниот штаб, играчите и до сите вработени во клубот а секако и посебна благодарност до навивачката група ‘Шверцери’. Му посакувам на клубот многу успеси и напредок во иднина“ – се вели во објавата на Шабани на социјалните мрежи.

Се вчитува...