Бојан Миовски игра извонредно во дресот на Абердин, па сосема нормално е што за македонскиот голгетер веќе извесно време владее интерес од клубови од Англија, Франција и Италија, но и од шкотскиот гигант Селтик.
Абердин веќе стави до знаење дека нема намера да го продаде својот најдобар стрелец за помалку од пет милиони фунти, ваквата сума „исплаши“ дел од заинтересираните клубови, а во прилог на шкотскиот премиерлигаш оди и фактот дека Миовски самиот не инсистира на трансфер. Напротив, нашиот голгетер во последната изјава за шкотскиот весник „Дејли Рекорд“ јасно демонстрира лојалност кон клубот пто го донесе на „островот“ и му даде шанса да блесна во Шкотска.
„Се уште имам уште две и пол години од договорот со Абердин. Да бидам искрен, супер ми е во овој клуб и воопшто не ми се брза да си заминам. Се пишуваат многу работи за мене, што е нормално кога играш во добра форма и постигнуваш голови, секогаш те следат поголеми клубови од оној за кој моментно настапуваш. Јас сум во Абердин веќе една и пол години, среќен сум овде, веќе постигнав 33 гола за овој клуб, па се надевам дека и луѓето од Абердин се среќни од мене. За мој иден трансфер потребно ќе решава и клубот“, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

