ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Германските репрезентативци немаат намера да се опуштат и да ја потценат Македонија во неделната пресметка меѓу овие две селекции. За домашната селекција математиката е едноставна, победа над Македонија носи сигурен пласман во следната фаза, па пивотот Јаник Колбахер најавува максимално залагање од почеток до крај.
„Македонија не е слаб ривал, го покажа тоа против Франција на која и парираа на долги периоди во првото коло. Нашата цел е јасна, да победиме и да сепласираме, а потоа со Франција да го играме „финалето на групата“ за да се бориме за првото место. Едно е сигурно, по одличното издание во Дизелдорф, сега со дополнителен ветер во грб патуваме во Берлин“, изјави Колбахер.
Натпреварот меѓу Германија и Македонија ќе се игра в недела со почеток во 20.30 часот во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА