Јасир Асани е пред трансфер во Селта Виго

Поранешниот фудбалер на Вардар и на Шкупи, Јасир Асани е пред трансфер во редовите на шпанската Селта Виго.

Тимот од Ла Лига повторно го активираше интересот за 28-годишниот Асани кој мина одличен есенски дел во јужнокорејскиот Гвангжу, а имаше извонредни настапи за албанската репрезентација и е најзаслужен за пласманот на ЕВРО 2024.

Селта Виго уште во октомври минатата година пројави интерес за услугите на Асани, а сега истиот се засилува и низ зимскиот преоден рок.

Претходно Асани во својата кариера, покрај за Вардар од чија фудбалска школа потекнува, има настапи и за шведски АИК, албанскиот прволигаш Партизан како и унгарска Кишварда.

Се вчитува...