Дибала повторно се повреди

Рома претрпе пораз од Лацио во четвртфиналето на Купот на Италија, но поголем проблем може да биде повредата на Пауло Дибала.

Аргентинецот по којзнае кој пат се здоби со повреда, поради што извесно време ќе помине надвор од теренот. Тој на мечот со градскиот ривал ја напушти играта на полувремето поради повреда на бутниот мускул.

Тоа може да биде проблем за Жозе Мурињо, бидејќи Аргентинецот речиси сигурно ќе го пропушти дербито против Милан кое е закажано за в недела на „Сан Сиро“. Од неговото доаѓање во Рома, Дибала отсуствуваше досега 138 дена поради различни повреди, поради што пропушти 28 натпревари.

Се вчитува...