Французинот Циприен Саразан е изненадувачки победник на супервелеслаломската трка која денеска се возеше во швајцарскиот ски-центар Венген. Саразан до победата стигна со вкупно време од 1:47.75 минута со што успеа да ги изненади првите фаворити. Второто место му припадна на водечкиот во генералниот пласман, Швајцарецот, Марко Одермат кој на крајот доцнеше 58 стотинки зад времето на победникот, додека со точно една секунда заостанување подиумот го надополни Норвежанецот, Александер Омот-Килде.
Сепак трката помина во сенка на тешката повреда на победникот на Светскиот куп во алпско скијање во 2021 година Французинот Алексис Пантуро. Тој имаше тежок пад на патеката по кој мораше со хеликоптер да биде однесен во најблиската болница. Се уште не се знаат точните детали од тежината на повредата на легендарниот Французин.
Get well soon and come back stronger @AlexPinturault! #Wengen #Lauberhornrennen #Lauberhorn pic.twitter.com/cdXD55ktfl
— storymakers (@mz_storymakers) January 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА