Македонскиот кошаркар Кристијан Николов се враќа во Турција каде ќе игра за составот на Капакли. Капакли сезонава игра во втората турска кошаркарска лига каде моментно е на деветтото место и има серија од четири порази.
Николов веќе неколку пати беше дел од турските шампионати каде настапуваше за Галатасарај, Јешилгиресун Беледије, Трабзонспор, Истанбул ББ, Петким Спор и Коњаспор.
Во Македонија беше дел од МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА