Звучно име во Кавадарци: Кристијан Стојковски е најново засилување на Тиквеш

Тиквеш го промовираше четвртото ново име во своите редови во зимскиот преоден рок. Екс играчот на Македонија ЃП, Работнички, Шкупи, Академија Пандев и уште неколку клуба Кристијан Стојкоски, е нов играч на тимот од Кавадарци.

Офанзивниот играч ќе биде големо засилување за кавадаречката екипа за пролетниот дел од сезоната.

Претходно Тиквеш се засили со Луан Силва, Робертињо и Христијан Малески.

Се вчитува...