Ерупција во Белград: Партизан од -24 до победа над Макаби

Неверојатен  натпревар се одигра во „Штарк Арената“ во Белград, на крајот со радост за Партизан во дуелот со Макаби 88-79. А, не се чинеше така на стартот на втората четвртина, кога гостите на два пати имаа предност од 24 поени разлика (13-37 и 15-39). На полувремето домашните имаа негатива од 16 кошеви разлика.

Меѓутоа неверојатната партија на белградските „црно-бели“, особено во третиот период кој го добија со 31-15, придонесоа избраниците на Жељко Обрадовиќ да ја стигнат оваа разлика, и пред последниот период да заминат во „егал“.

Таму Партизан одлично почна, стигна до предност во еден миг до +9. Макаби на неколку пати се обиде да се врати, меѓутоа промаши клучни шутеви, и на крајот ерупција од воодушевувања во Белград за голема победа на Партизан.

Дозиер со 23 поени беше најефикасен, го следеше Нанали кој постигна 20 поени.

Се вчитува...