Баерн Минхен лесно го совлада Хофенхајм во првото коло од втората полусезона во Бундеслигата. Мусиала со два гола и еден на Кејн за триумф од 3-0 на крајот, и чиста мрежа, но и дополнителен притисок врз Баер Леверкузен, на кој им се доближи само на еден бод пред утрешното нивно гостување кај Аугсбург.
Мусиала во 18. минута по асистенција на Сане погоди во мрежата на Бауман, а истата комбинација во 70. минута донесе 2-0. Во финишот Кејн ги постави конечните 3-0.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

