Продолжува мизеријата на Севилја, пораз од Алавес на домашен терен (ВИДЕО)

Интересен и возбудлив натпревар се одигра на „Рамон Санчез Пизхуан“ во Севилја. Домашниот тим се врати од „мртвите“ и од негатива од 0-2, успеа да дојде до 2-2, но не и да го избегне поразот од Алавес, кој во финишот стигна до трите бода и така ја продолжи кризата на Севилја.

Тенаља во 26. минута успеа да донесе предност за гостите. Пред крајот на полувремето Гарсија донесе нов студен туш за домашните навивачи.

Севилја успеа да се врати со головите на Мир во 70. и на Окампос во 81. минута од пенал. Меѓутоа Дуарте во 90. минута донесе предност и победа на Алавес.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...