Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Филип Деспотовски, доби големо признание од неговиот поранешен клуб, Ворскла Полтава. Деспотовски се најде во идеалната постава на сите времиња на Ворскла, како еден од најдобрите странци кои го носел дресот на клубот од Полтава.
Деспотовски во Ворскла играше од 2008 до 2010 година период во кој остави неизбришлив траг во украинскиот прволигаш. Филип Деспотовски за репрезентацијата на Македонија има одиграно 18 натпревари, а во клупската кариера, освен за Ворска, настапуваше и за нашите Цементарница, Напредок, Вардар, Работнички, Тетекс, Академија Пандев, Гостивар, но и за Љуботен во текот на оваа сезона. Интернационална кариера градеше во српските ОФК Београд, Бежанија и Мачва, грчките Етникос Пиреја и Пиерикос, како и Баку од Азербејџан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

