ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Ракометарите веќе втор ден се во Берлин, каде се подготвувааат за мечот против Германија која на програмата е утре со почеток во 20.30 часот.
На денешниот брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров вели дека се надева дека нема да има потреба да игра толку многу седум на шест како на мечот против Франција.
„Факт е дека против Франција потрошивме многу од нашата игра во напад 7 на 6. Имавме изгубени топки на таа игра и нормално е Германците да анализираат. Добро е што имаме уште една опција во нашата игра и тоа е наш квалитет. Сепак, се надевам дека против Германија нема да има потреба толку да играме. Едно е пријателски меч, друго е официјален меч пред своја публика. Германците беа супер мотивирани против Швајцарија и дека таа мотивација може да го покрие недостатокот на екстра квалитет. Не викам дека Германија не е квалитетна репрезентација, но таа желба доведе да победат со голема разлика. Одиграа цврст комплетен натпревар во 60 минути и покажаа дека ќе целат високот на ова Европско првенство“, вели Лазаров.
Околу одбраната на Германија која одигра неверојатно на мечот против Швајцарија на кој прими само 14 голо, селекторот вели…
„Имајќи во предвид дека Швајцарците ги имаат Шмид кој е најдобар стрелец во Лигата на Европа и Зендер кој е најдобар стрелец во Бундеслигата, а постигнаа само четиринаесет гола, ќе биде тешко, но мислам дека ќе постигнеме добра бројка на голови. Очекувам цврста Германија која ќе бара многу контакт многу прекини. Мора да се подготвиме ментално и нашиот напад да подобриме тоа што ни недостигаше со Франција и да бидеме поефикасни“, заврши Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА