ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Ракометарите веќе втор ден се во Берлин, каде се подготвувааат за мечот против Германија која на програмата е утре со почеток во 20.30 часот.
Еден од најискусните во репрезентацијата, пикерот Никола Маркоски пред мечот со Германија вели дека мора да одиграат многу поагресивно на овој меч.
„Германија и Франција се многу посилни од нас. Ја подготвуваме тактиката за Германија, па се надеваме дека ќе биде подобро од мечот со Франција. Со Франција немавме ни жолт картон, ни две минути па тоа ќе мора да го поправиме утре. Германија не е како Франција, не се напаѓачки толку потентни и повеќе играта им е на индивидуален шут“, изјави Маркоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА