ОФИЦИЈАЛНО: Марјан Алтипармаковски е нов играч на ФК Вардар

Марјан Алтипармаковски е промовиран во нов фудбалер на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Тој во таборот на „црвено-црните“ доаѓа од редовите на Раднички Белград.

Во ПМФЛ досега има забележано164 настапи во кои има постигнато 41 гол. Во својата досегашна богата кариера има настапувано во екипите на Работнички, Брегалница, Струга, Пелистер (Македонија), a како интернационалец има настапувано и во Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Инкер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија).
Во својата кариера има забележано и 13 настапи за младата репрезентација на Македонија.

Се вчитува...