ГФК Тиквеш го официјализираше Летонецот Пузиревскис

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш го официјализираше потписот со летонскиот фудбалер Артјомс Пужиревскис.

Станува збор за 20-годишен летонски фудбалер кој настапува на крилните позиции во нападот. Тој во Кавадарци доаѓа од редовите на летонска Мета каде што играше во оваа полусезона, а исто така потекнува од овој клуб.

Се вчитува...