Легендарниот американски тенисер Андре Агаси упати низа пофалби за Новак Ѓоковиќ. Агаси, кој победи четири пати во Мелбурн, го спореди резултатот на Новак со оној што го постигна Рафаел Надал на Ролан Гарос.
Славниот Агаси во кариерата освои осум гранд-слем титули, а половина од нив токму во Мелбурн.
„Новак има освоено повеќе титули на Австралија опен отколку јас во целата моја кариера… Што да правам освен да се смеам? Не знам што да кажам на тоа. Рекордот на Новак е монументален. Исто како 14. титули на Надал на Ролан Гарос Тоа се сосема различни бројки, да зборуваш за Ноле во Австралија е како да зборуваш за Рафа во Париз, нели?“, рече Агаси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

