Покетино: Челси е тим во изградба, големи три бода против Фулам

Фудбалерите на Челси стигнаа до третата победа во низа, а вкупно четвртта во последните пет натпревари во Премиер-лигата откако денеска на домашен терен во 21. коло славеа над Фулам со минимални 1-0.

Тренерот на домаќините Маурисио Покетино по мечот изјави дека е задоволен од победата бидејќи тие се тим што  е во изградба.

„Ваквите победи се важни, видовте како Фулам играше против Ливерпул и Арсенал во претходните недели и тоа додава важност на оваа победа. Играчите заслужуваат пофалби. Фулам не е лесен тим против кој се игра. Луѓето мислат дека Челси треба да биде во поинаква позиција, позиција која можеби ја заслужуваме. Но, ќе го добиеме тоа што го сакаме. Ние сме во процес на градење. Задоволен сум од тимот“, изјави Покетино. 

Се вчитува...