ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Ракометарите веќе втор ден се во Берлин, каде се подготвувааат за мечот против Германија која на програмата е утре со почеток во 20.30 часот.
Германците на овој меч ќе бидат послаби за услугите на искусниот специјалист за одбрана Каи Хефнер кој вчера вечер по втор пат стана татко.
„Тој стана татко по вторпат во петокот навечер. Се роди неговиот син. Тој е добро. Сега треба да видиме дали воопшто да игра во недела. Тој може да биде овде, но дали ќе го игра, не верувам“, изјави спортскиот директор на германската репрезентација, Аксел Кромер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА