Раде Круниќ на позајмица во Фенербахче

Поранешниот фудбалер на Милан Раде Круниќ премина во Фенербахче на позајмица до крајот на сезоната, објави клубот од Истанбул на официјалната веб-страница.

Круниќ  денеска беше промовиран во Фенербахче, а челниците на истанбулскиот клуб се обврзаа да го откупат неговиот договор од Милан во јуни за пет милиони евра, плус потенцијален милион за бонуси.

Во 2019 година, привремениот репрезентативец на Босна и Херцеговина се пресели од Емполи во Милан за осум милиони евра. Во дресот на „росонерите“ одигра 139 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.

Се вчитува...