Јувентус излезе како победни од трката по Тијаго Џало откако португалскиот дефанзивец денеска и официјално ја прифати понудата на „старата дама“ и воследните денови ќе потпише договор со најтрофејниот италијански клуб.
За услугите на Џало подолго време се интеересираше Интер, челниците на „нероаѕурите“ веќе имаа и подготвено преддоговор за следното лето тој како слободен играч да пристигне од Лил во Милано. Сепак, ситуацијата се искомпликува откако Јувентус се вклучи во трката, и тоа со директна понуда до Лил за јануарски трансфер вредна 3,5 милиони евра. Токму затоа Лил се вклучи активно во целите преговори, заканувајќи му се на Џало со преселба на трибините до крајот на сезоната ако реши да го одбие Јувентус и потоа бесплатно да се пресели во Интер.
Португалецот една седмица размислуваше разгледувајќи ги двете понуди на маса, за денеска и официјално да ја прифати онаа на Јувентус. Тој в среда ќе ги мине лекарскитепрегледи, по што ќе следи и потпис на договорот, кој ќе биде со важност до јуни 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА