Ѓоковиќ се мачеше против младиот Хрват Прижмиќ за прва победа на Австралија Опен

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата се пласираше во втората рунда натпревари на првиот грандслем турнир оваа година, Австралија Опен.

Својот 19-ти турнир во Мелбурн и одбраната на минатогодишната титула, Новак ја почна со победа во четири сета против младиот 18-годишен Хрват, Дино Прижмиќ, кој дебитираше на главниот турнир на Австралија Опен каде пристигна преку квалификациите.

Повеќе од четири часа се мачеше Ѓоковиќ да дојде до трумфот против 178-от тенисер на светската листа кој прикажа одличен тенис, за на крај да слави со 6-2, 6-7, 6-3 и 6-4.

Се вчитува...