Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски беше стрелец за Вараждин на пријателскиот натпревар против српскиот тим Раднички Белград кој заврши без победник, 2-2, а се одигра во рамките на „Арена Купот“.
Во главно израмнет меч, Митровски беше стрелец на вториот гол за хрватскиот прволигаш во 56. минута за водство од 2-1 во тие моменти на дуелот.
До крајот Раднички успеа да постигне гол за реми на тест-дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

