Кикс на Астон Вила, не успеа да ги прескокне „граѓаните“ на табелата

И покрај големата фаворитска улога, фудбалерите на Астон Вила останаа без целиот плен на гостувањето против Евертон во 21. коло од Премиерлигата.

Астон Вила имаше повеќе од иницијативата во желбата за победа, но и по бројни шанси и со поништен гол по ВАР-интервенција поради офсајд позиција, на крај мораше да се задоволи само со реми без голови.

Сето тоа ја остави Астон Вила на третата позиција на табелата, не успевајќи да го прескокне Манчестер сити на второто место.

Се вчитува...