ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Премногу често се случува поради Преспанскиот договор и промената на името на државата во Северна Македонија, странските медиуми погрешно да ги толкуваат и пренесуваат обврските и правилата кои произлегуваат од тој договор.
Последниот таков случај на германската телевизија РТЛ, која ги пренесува средбите од ЕП 2024 во оваа земја, која цел меч со Франција ги потенцираше играчите и навивачите како Северномакедонци, што ги налути нашите сонародници кои живеат во Германија.
Поради ова, македонскиот конзул во Дизелдорф заедно со претседтелот на Советот за интеграција во овој град, Гоце Перовски, испратија остар протест до РТЛ што беше проследен и до останатите медиуми од Германија, да престанат со користење на „Северномакедонци“ за жителите на нашата држава.
Со писмен доказ од Преспанскиот договор, тие потсетуваат дека треба да се користи терминот Македонци за играчите и за навивачите, но и за придавката „Северномакедонски“ што често погрешно се користи во странските држави кога се опишув нашата држава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА