Јунајтед двапати водеше, но на крај без целиот плен против Тотенхем (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед и Тотенхем одиграа натпревар без победник (2-2) во 21. коло од Премиерлигата.

„Црвените ѓаволи“ на двапати имаа предност, беа поблиску до трите бода не искористувајќи уште неколку одлични можности, но на крајот не успеаја да дојдат до целиот плен.

Јунајтед поведе со голот на Хојлунд уште во 3. минута. Но, Тотенхем израмни во 19. минута со голот на Ричарлисон.

Во 40. минута Рашфорд повторно донесе предност за домашните, за да Бентанкур во 46. минута повторно израмни за 2-2.

Се вчитува...