Салах и Египет „за влакно“ избегнаа фијаско на стартот на Купот на африканските нации

Мохамед Салах и неговиот Египет за „влакно“ избегнаа фијаско на стартот од Купот на африканските нации.

И покрај тоа што беше огромен фаворит, Египет со голот од пенал на Салах во 95. минута успеа да се спаси од пораз, извлекувајќи едвај 2-2 со аутсајдерот Мозамбик.

А, Египќаните поведоа со голот на Мостафа Мохамед за да потоа следи пресвртот и водство на Мозамбик од 1-2 со головите на Вити и Бауке. Но, Мохамед Салах успеа да го спаси Египет од срам со голот во 95. минута.

Се вчитува...