„Кралска ноќ“ во Ријад: Реал Мадрид ја демолираше Барселона за трофеј во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид го освои трофејот во Суперкупот на Шпанија откако во финалето против големиот ривал Барселона кое се одигра во Ријад славеше убедливо со 4-1.

„Кралската ноќ“ во Ријад беше најавена уште во првите десет минути од мечот кога со два гола блесна Винисиус за водство од 2-0 на Реал Мадрид.

Винисиус најпрво погоди во 7. минута на асистенција на Белингам, а потоа стрелаше и во 10. минута, овој пат на асистенција на Родриго.

Но, Барселона успеа да се врати во игра на мечот со голот на Левандовски во 33. минута за 2-1.

Сепак, веќе во 39. минута Винисиус од пенал донесе и 3-1 за Реал пред полувремето.

Во второто полувреме Родриго во 64. минута заокружи на 4-1 за целосно демолирање на каталонскиот тим.

Се вчитува...