Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во второто коло од Австралија Опен откако славеше над младиот Теренс Атман со 2-1 во меч кој траеше два и пол часа и кој Французинот мораше да го предаде поради грчеви.
Атман по голема борба го доби првиот сет со 7-5, но Русинот успеа да направи целосен пресврт славејќи со 6-2 и 6-4 во следните два сета. Во четвртиот сет Русинот поведе до 1-0, а Французинот не успеа да го издржи интензитетот па го предаде мечот.
„Тежок меч. Тој играше многу добро. Прв пат доаѓа на Тур и не знаев многу за него. Сите ми кажаа дека има подобар форхенд отколку бекхенд, а мислам дека промаши три бекхенда. Така да, би благодарам луѓе“, низ смеа изјави Медведев.
Во следното коло третиот тенисер на светот за противник ќе го има Финецот Емил Русувуори кој славеше со 3-1 против Патрик Кипсон.
Medvedev es café para cafeteros. pic.twitter.com/fxF7RXUTeU
— Iñigo (@inigotns) January 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА