Перез: Ова не е момент да разговараме за Килијан Мбапе

Преминот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е топ тема и оваа зима. Францускиот голгетер по крајот на сезоната ќе биде слободен играч со што може да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ без обесштетување, но според последните информации од Шпанија, трофејниот шпански клуб сака гаранција за трансферот уште во јануари бидејќи во спротивно ќе се откаже од напорите за негов ангажман.

Килијан Мбапе беше тема на разговор и по славјето на Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија, но претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез одби да даде одговор на било какво прашање поврзано со Французинот.

„Не е ова момент да разговараме за него, туку да ги истакнеме играчите кои ги имаме, а не кои ги има некој друг клуб“, кратко изјави Перез.

Се вчитува...