Олимпискиот медалист, таеквондистот Дејан Георгиевски, македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас и борачот Ахмад Магомедов се тројцата македонски спортисти во ТОП 50 најдобри спортисти од Балканот за 2023 година, во изборот кој традиционално го организира Бугарската новинска агенција.
Георгиевски е најдоброрангираниот македонски спортист на 40. место, Елиф Елмас е на 47. место, а Магомедов е на делба на 50. место меѓу 50 најдобри Балканци за 2023 година.
Сосема очекувано за најдобар спортист на 2023 година од Балканот е прогласен српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој е победник на јубилејното 50-то издание на изборот на „Спортист на Балканот“.
Ѓоковиќ по рекорден осми пат го добива ова признание, пред неговиот сонародник кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, е третопласиран е бугарскиот кошаркар Александар Везенков. Во ТОП 5 се најдоа уште Гркот Милтиадис Тентоглу кој е европски шампион во скок во далечина како и светската шампионка во скок во далечина, Ивана Шпановиќ од Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

