По левокрилниот офанзивец Михаил Маневски, Брегалница во своите редови го врати и крилниот напаѓач Пепи Ѓоргиев.
Ѓоргиев беше еден од најдобрите фудбалери на Брегалница во сезоната 2019/20, па по кратката интернационална кариера во Теута од Албанија, сега повторно се враќа во Штип.
Во својата кариера, Ѓоргиев има настапи и за Кожуф, Беласица, Силекс, Академија Пандев, Шкупи и Гостивар во македонските шампионати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

