Контроверзниот Кирјос со неверојатно искрен текст: „Како го засакав Новак Ѓоковиќ!“

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос од оваа година е засилување за коментаторскиот тим на „Еуроспорт“ низ следењето на големите грандслем турнири. Веднаш Кирјос со серија пофални зборови го следеше и првиот настап на Новак Ѓоковиќ на годинашниот Австралија Опен.

Но, зачудувачки за многумина, Кирјос се одлучи да посвети и сериозен авторски текст на Новак Ѓоковиќ.

Добро е познато дека секогаш контроверзниот Кирјос во минатото беше најголем критичар со бројни невкусни коментари за Ѓоковиќ. Сепак, се се смени кога Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија пред две години. Тогаш Кирјос прв застана на страната на српскиот тенисер а ковид-скандалот ги зближи двајцата тенисери.

Токму на темата како го смени своето мислење за Ѓоковиќ кој стана негов добар пријател, Кирјос напиша текст со наслов „Како научив да го сакам Новак Ѓоковиќ, најголемиот тенисер на сите времиња!“.

„Новак Ѓоковиќ е број 1, GOAT (најголем на сите времиња), поклонете му се бидејќи нема дилеми за тоа. Поседува подобар скор во дуелите со Роџер Федерер и Рафаел Надал, ги има сите грандслем рекорди и наградите го покажуваат тоа. Новак е најдобриот играч кој некогаш држел тениски рекет, нешто во што не верував ниту јас пред неколку години. А, ако прашањето е кого би сакале повеќе да го гледате како игра? Тоа е сосема друга дебата. Ако ме прашате кој е најдобар играч за гледање и кој е најприроден, мислам дека голем број ќе ви одговорат исто – Роџер Федерер. Но, тоа што го направи Новак е лудо, имаше свои борби на почетокот на кариерата, направи промени на физички и психички план кои го донесоа до степен да биде најдобриот кој сме го гледатале во историјата. р што сме го виделе. И, не мора да го сакате, но како да не го почитувате човекот кој со толку работи и посвета покажа дека е најдобар?“ – вели Кирјос меѓу другото и дополнува:

„А бев еден од оние кои не го сакаа. Не бев негов фан поради начинот на кој се однесуваше на теренот, ги земаше тие пауза за тоалет или го викаше тренерот. Тоа навистина не ми се допаѓаше и бев искрен за моите погледи кон него во добар дел од мојата кариера. Тогаш бев млад и незрел и не го сфатив неговиот тениски пат. Со тек на времето, го запознав и ми стана јасно дека меѓу нас постојат и сличности. Тоа секако не се грандслем титули, но слични сме по тоа што најголем дел од публиката или не мрази, или не сака. Ќе се навратам и на тоа ковид-време, гледав како цел свет се насочи против него, гледав како мојата држава е комплетно против него. Во себе помислив дека би сакал да има некој што е на моја страна, па застанав на негова страна и му дадов поддршка. Го преземав тој ризик и мислам дека тој сега многу ме почитува поради тоа. Искрено го засакав Новак и мислам дека сега и јас му се допаѓам. Сега имаме пријателство кое се изгради и гради со почит!“

Се вчитува...