Гостивар ја победи Беласица на првиот тест зимава (ФОТО)

Фудбалерите на Гостивар триумфираа на првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки за продолжението од првенството во Првата македонска фудбалска лига.

Гостиварци на денешниот тест кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица славеа против второлигашот Беласица со 0-1.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот вреден победа за Гостивар беше Реџан Абази во 48. минута од средбата.

Се вчитува...