Бразилскиот фудбалер Нејмар на почетокот на сезоната направи спектакуларен трансфер во Саудиска Арабија каде го облече дресот на Ал Хилал. За овој клуб одигра само пет натпревари по кои заработи тешка повреда од која се уште се рехабилитира.
На темата „Нејмар“ за тамошните медиуми говореше неговиот тренер Жорге Жесус кој го спореди со Кристијано Роналдо и додаде дека за Бразиелцот фудбалот не е приоритет број еден во животот.
„Тој е радикално различен од Роналдо. Кристијано има повеќе страст за фудбалот и го прави свој приоритет број 1 во животот. За него фудбалот е најважното нешто. Нејмар, пак, има повеќе интереси за други работи, нешта поврзани со неговиот личен живот, што тој го става на прво место“, вели португалскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

