Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон почина по тешката повреда на Дакар Рели

Шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон подлегна на здобиените повреди недела дена по падот на релито Дакар, објави неговиот тим. 45-годишникот страдаше на 7. јануари на крајот на втората етапа кога при пад ја повреди главата.

Фалкон го изгуби пулсот по што мораше да биде реанимиран, а откако беше стабилизиран со хеликоптер прво беше пренесен во болница во Ријад, а оттаму и во Шпанија каде за жал го загуби својот живот.

Се вчитува...