Гвардиола: Боб може да биде ѕвезда на Манчестер Сити ако не е лаком како Палмер

Манчестер Сити стигна до значајна победа во 21. коло од Премиерлигата откако славеше на гостувањето кај Њукасл Јунајтед со 2-3 благодарение на голот на младиот Оскар Боб кој ја затресе мрежата во 91. минута.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола имаше пофални зборови за 20-годишникот за кој вели дека може да биде ѕвезда на тимот во следните години доколку не е лаком за минутажа како Кол Палмер кој изминатото лето премина во Челси.

„Имаме уште еден играч за годините кои следат доколку одлучи дека сака да остане. Засега е среќен со минутажата како што беше и Кол Палмер среќен. Но, за две, три години младите сакаат повеќе што е и нормално. Потполно ги разбирам, можеби нема да им дадам доволно минути и ќе се одлучат да заминат. Ако Оскар одлучи да остане ќе имаме играч кој ќе не води со години“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...