Поранешниот тенисер број еден, Енди Мареј претрпе нов пораз на отварање на грен-слем турнир откако на Австралија Опен беше елиминиран од Аргентинецот Томас Ечевери со 6-4, 6-2 и 6-2.
По елиминацијата британскиот тенисер го разговор за медиумите откри дека ова би можел да биде негов последен меч кој ќе го одигра во Австралија.
„Дефинитивно постои шанса ова да е мојот последен меч во Австралија. Најверојатно поради тоа како самиот меч се одвиваше и се што се случуваше. Додека си на теренот се обидуваш да ги контролираш емоциите, да се фокусираш на поените. А, кога ќе дојдеш до ситуација еден поен да те дели од елиминација, тогаш не можеш да веруваш дека се помина така брзо. Разочаран сум од начинот на кој одиграв. Многу ми е тешко“, изјави Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

