Сенегал без проблем до три бода, реми на Камерун и Гвинеја

Бранителот на трофејот Сенегал без проблем славеше со 3-0 против Гамбија во првиот натпревар на Афричкиот Куп на Нации.

Сенегалците кои во второто полувреме играа со играч повеќе по црвениот картон на Адамс до победа ги предводеа Гуаје со гол во 4. минута и младиот 20-годишен Камара кој стрелаше во 52. и 86. минута.

Камерун и Гвинеја пак ремизираа со 1-1 во натпревар во кој исто така еден од тимовите во второто полувреме играше со играч помалку.

Бајо ја донесе Гвинеја во водство со гол во 10. минута, но Гвинејците остана без Камано кој заработи директен црвен картон во судиското продолжение од првото полувреме. Предноста на теренот ја искористи Магри кој во 51. минута изедначи на 1-1, но Камерунците немаа сили за целосен пресврт.

Се вчитува...