Рукито на Сан Антионио Спарс, 224 сантиметри високиот центар Виктор Венбејама ќе настапи на „Skills Challenge“ предизвикот на престојниот Ол-стар викенд на НБА лигата кој ќе се одржи во Индијанаполис од 16 до 18 февруари, откриваат американските медиуми.
Натпреварувањето кое во минатото беше во знакот на бековите, во последните години само ја потврди промената во кошарката во која се поголемо значење се дава на техниката уште од младинските категории па така Французинот ќе има шанса да го заследи успехот на Литванецот Домантас Сабонис кој во 2021 година го освои овој предизвик.
Првиот пик на драфтот во 2023 година бележи просек од 19.4 поени, 10.2 скокови и 3.0 асистенции на 33 натпревари во сезоната. Покрај тоа тој е осми во изборот за настап и на главниот настан на богатиот викенд па има голема шанса дека ќе се најде на теренот со најголемите ѕвезди во ова првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

