Лионел Меси е најдобриот фудбалер за 2023 година

Фудбалерот на Интер Мајами и капиетнот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси е избран од страна на ФИФА за најдобар фудбалер за 2023 година во доделувањето на „Тhe Best“ наградите што за него е трет пат во кариерата и со што стана нов рекордер.

Интересно, во изборот за најдобар Меси на првото место е изедначен со Ерлинг Халанд со по 48 поени, но пресудно за да ја добие престижната награда е поголемиот број на „пет бодови“ во изборот на капитените на националните тимови според артиклот 12 од правилникот, додека Норвежанецот ги доби гласовите на новинарите и тренерите.

Наградата за најдобар фудбалерка ја понесе Аитана Бонмати која ја предводеше шпанската репрезентација.

Се вчитува...